Советот на Општина Охрид денеска ќе ја одржи 47-та седница.

Советниците ќе расправаат за предлог одлуките за  поддршка на проектот „Управување со ризици од поплави“, за „Искористување  и уништување на градежен отпад и асвалт“, како и за годишната  програма за поставување на  урбана опрема во општина Охрид. Исто така на дневен ред  ќе се најдат и предлог одлуките за продолжување на работното време на  угостителските објекти и за  организирање на режимот на  сообраќај на дел од територијата на општина Охрид. Пред советниците ќе се најдат и извештаите за работење на општинските јавни претпријатија  за првите три месеци од 2012 година.

На дневниот ред на седницата ќе бидат и неколку предог одлуки за нацрт детални урбанистички планови.

OhridNews