Од Ј.П.”Охридски Комуналец” информираат дека денеска  организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  од населбите „Воска“ и „ Даљан“.

Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот, доколку имаат ваков отпад, уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

OhridNews