Денес во средните училишта се врши полагањето на вториот, изборен предмет од испитот државна матура што е услов за запишување на факултет.
Резултатите од тестирањето се очекуваат за еден месец, за поднесувањето приговор ќе треба да се платат 1.000 денари.
Вториот рок за полагање на државната матура е во август. На 13.08 ќе се полага мајчин јазик, а на 15 август изборниот предмет.
Викендов се полагаше првиот дел од државната матура – задолжителниот
предмет мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература.












