Распределбата ќе се врши согласно новините од неодамна изгласаниот Закон за студентски стандард.
Предност ќе имаат оние студенти кои се од најранливите категории, а државата во целост ќе ги надомести трошоците за исхрана и сместување на оние студенти чии родители имаат приход до 8.000 денари, односно под минималната плата, а за овие категории на студенти опфатеноста е 40 проценти од вкупниот број на легла.
– Целта е да се намалат сите влијанија, ургенции и обиди да се влијае на сместувањето од каква било гледна точка. Не само да говориме за партискиот елемент туку навистина да се постави систем во кој врз основа на социо-економскиот статус на студентот и на неговото семјество ќе се даде правичен пристап во сместувањето“изјави министерот за образование Спиро Ристовски.