Денеска, во Апелациониот суд се разгледуваат жалбите за дел обвинетите во случајот „Титаник“ кој се однесува на изборни нерегуларности. За нив, од страна на СЈО се бараа мерки кои беа прифатени од страна на кривичниот совет.

Првообвинети во овој случај се и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер, поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски, поранешниот генерален секретар на Владата…

По јавните седници, Апелацискиот суд има рок од 48 часа да донесе решение по жалбите.

OhridNews