Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 30 степени Целзиусови, а индексот на УВ зрачење ќе изнесува 8, информираат од УХМР Македонија.

Топлото време ќе се задржи во наредните денови, но со услови за пороен дожд и грмежи во попладневните часови во вторник и среда, а во четврток на места се очекува локален краткотраен дожд. Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 21, а дневната од 26 до 37 степени Целзиусови.

OhridNews