Денес, со свечена пригодност, во Вевчани од страна на претседателот на македонското собрание, Трајко Вељаноски и градоначалникот на општината, Цветомир Угриноски, ќе биде пуштен во употреба објектот „Порта Вевчани“.Градбата на објектот започна во месец март 2013 година и истиот е во функција на зголемување на туристичката понуда на општина Вевчани. Објектот е донација од Ѓорѓи Угриноски со семејството.












