Како дел од второто издание на големата промотивно спортска манифестација Ohrid Water Festival како пропратен дел на спортските настани, предвидена е и богата социјално-едукативна програма која вклучува низа интересни и забавни содржини кои ќе го привлечат вниманието на публиката.

На 28-ми август од страна на Здружението на риболовци „Свети Апостол Петар“ ќе биде организирана изложба „Видови риби во Охридското Езеро“, а за музичкиот дел од програмата ќе бидат задолжени DJ Chvare & DJ Goce Saf.

На 30-ти август ќе биде поставена изложба „Нешто сино“ од Нуркачкиот центар „Акватек“. Во организација на SLOW FOOD Охрид ќе биде организирана Промоција на охридска и македонска традиционална храна. Во рамки на музичкиот дел од програмата ќе настапат Наум Петрески, Милован Секулоски и група „Сарај“.
На 31-ви август, на денот кога е предвидено одржувањето на „Охридскиот пливачки маратон“ предвидена е изложба „Победниците на охридски пливачки маратон“, додека за забавниот дел од програма ќе биде задолжена групата „Суперхикс“ која ќе одржи концерт во 21 часот.

OhridNews
















