Поради неодложни активности кои се однесуваат на фекалната канализација денес дел од улицата „Димитар Влахов“ од пред зградата на Општина Охрид до пресекот со улица „Македонски Просветители“ ќе биде затворена за сообраќај, информираат од Општина Охрид.

Се замолуваат охриѓани да ги почитуваат времените сообраќајни правила и мерки. Градежните активности ќе ги реализираат надлежните служби на ЈП „Нискоградба“, посочуваат.

OhridNews