Денес завршува шестиот по ред Балкански поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“. Учесниците денешниот ден ќе го искористат за посета и разгледување на наколното живеалиште кај “Заливот на коските”, односно манастирскиот и излетнички комплекс “Свети Наум”. Потоа следи посета на КИЦ Култура 365, каде е Музејот на А.ден Долард.

За прв пат досега, а, како полод на воспоставената прекугранична соработка со “Организацијата за литературно и културно активирање”, од Корча, Албанија, учесниците вчера беа во посета на своите другарчиња, исто така, учесници на Кампот, во Мала Преспа, Албанија, регион од 7 села, исклучиво населени со етнички Македонци. Таму беа примени од градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски, а со свое присуство, внимание, за сите активности, им правеше македонскиот амбасадорот во Албанија, Данчо Марковски. Централниот прекуграничен настан беше организиран во селото Глобочани, родното место на Стерјо Спасе, врвен литературен деец во Албанија со етничко македонско потекло.



Оваа автентична манифестација, која е од пошироко општествено значење и која веќе прерасна во традиционална, ги собира учесниците со добра волја и јазичка и поетска креација без предрасуди, со што придонесува во општото разбирање на балканските народи, со што поезијата е апострофирана како сеприсутна и надвремена. Драгост моја е што манифестацијата го носи името на великанот на севкупната книжевност, посебно македонската, неизбришливиот траг на Ванчо Николески на чии сјани дела израснаа десетини и десетини генерации, напиша, во обраќањето, во името на Светската академија, книжевникот и координатор за поезија за земјите од словенскиот свет, Мајо Даниловиќ.

OhridNews










