По повод празникот Воскресение Христово – Велигден, МК на ВМРО-ДПМНЕ Велгошти и оваа година го организира традиционалниот Велигденски фудбалски натпревар помеѓу екипите „Стари“ и „Млади“.
Натпреварот претставува симбол на заедништво, дружење и почитување на долгогодишната традиција која ги обединува сите генерации во Велгошти, велат организаторите.
Ревијалниот фудбалски натпревар ќе се одигра денес (втор ден Велигден), со почеток во 11:00 часот, на фудбалското игралиште „Тодор Александров“ во с.Велгошти.
Ги повикуваме сите љубители на спортот, како и сите „млади“ и „стари“, да се приклучат и да бидат дел од оваа убава празнична традиција. Ве очекуваме заедно да создадеме уште една незаборавна велигденска атмосфера исполнета со спортски дух и позитивна енергија!, додаваат организаторите.
OhridNews













