Денеска ќе се одржи 39. издание на Охридскиот пливачки маратон, една од најголемите и најпрепознатливи спортски манифестации во земјава.
Стартот на маратонот е во 11 часот кај Св. Наум, од каде 16 пливачи од осум држави ќе запливаат по легендарната патека „Климе Савин“, долга 25 километри. Целта е на Кеј Македонија во Охрид.
На стартот ќе се појават 11 пливачи и пет пливачки, а Македонија ќе ја претставуваат Александар Илиевски, Петар Цеков, Леонид Мишевски и Росана Гошева.
И годинава ќе се плива патеката „Климе Савин“ долга 25 километри од Св. Наум до Охрид.
Годинашното издание на Охридскиот пливачки маратон има награден фонд од 15.000 долари.
Покровител на 39. Охридски пливачки маратон е претседателот на Македонија, а OhridNews е медиумски партнер на манифестацијата.
Г.М.












