Времето во Македонија ќе биде стабилно и релативно топло, со услови за утринска магла по одделни котлини. Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од 14 до 22 степена.
Значителна промена на времето се очекува во четврток кога ќе има заладување со засилен северен ветер и врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините врнежите ќе бидат од снег. Во петок и за време на викендот повторно се очекува стабилизација со претежно сончево време.
OhridNews