На Факултет за туризам и угостителство во Охрид денес и утре се спроведува вториот уписен рок. Според конкурсот слободни места има за 225 студенти вкупно во државна квота и со кофинансирање.

На насоката туризам има 41 слободно место од кои 11 во државна квота, на осигурување и менаџмент со ризик 30, царина и шпедиција слободни се вкупно 40 места, од кои 5 во државна квота, менаџмент во услужен сектор 30, сите со кофинансирање, хотелско ресторански менаџмент 24, гастрономија 28.

На студиските програми на англиски јазик на насоките туризам и царина и шпедиција ќе може да се запишат по 16 студенти.

Прелиминарната ранг листа ќе биде објавена на 12-ти септември, додека запишувањето на примените студенти ќе се реализира на 15-ти септември. Третиот уписен рок, доколку има слободни места ќе биде на 22-ри септември.

OhridNews