Рокот за поднесување барање за приватизација на дворните места истекува денеска, 15 декември.

Шалтерите во сите одделенија за катастар на недвижности во земјата, изминатиот викенд работea од 8:30 до 19:00 часот, за да им се овозможи на граѓаните да обезбедат имотен лист кој им е неопходен за навремено поднесување на барање за приватизација на дворните места.

Сите физички и правни лица кои нема да поднесат барање и нема да го откупат земјиштето во законски утврдениот рок, ќе бидат обврзани да плаќаат закупнина на земјиштето на кое биле евидентирани како корисници, односно го користеле земјиштето по основ на објект изграден врз него.

OhridNews