Рокот за поднесување годишна даночна пријава истекува во вторник. Од Управата за јавни приходи ги повикуваат граѓаните да ги пријават годишните приходи, во спортивно следуваат казни.

Годишна даночна пријава задолжително се поднесува за остварен приход освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, приходи од кирии од издавање имот – закуп или подзакуп, авторски права, индустриска сопственост; исплатена дивиденда, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивка од наградна игра во износ поголем од 5.000 денари, приходи остварени од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страни.

Годишна даночна пријава треба да се поднесе и за лични примања од странство, работно ангажираниње во амбасада, мисија на меѓународна организација…, приходи остварени преку интернет како е-трговија, услуги извршени преку специјализирани страни на пример њњњ.фрееланцер.цом, њњњ.упњорк.цом, поставување реклами на сопствени интернет страни, прогнози на типови за спортски натпревари и други дополнителни приходи, надвор од редовната плата или пензија.

До вчера биле поднесени се вкупно 316 756 Годишни даночни пријави, од кои 1 530 се поднесени по електронски пат преку системот е-Даноци. Најголем број на даночни пријави се поднесени во Контакт центарот на УЈП и тоа 77 866 пријави.

Работното време на даночните канцеларии на УЈП е од 08:30 до 18:00 часот, додека работното време на Контакт центарот на УЈП е од 09:00 до 20:00 часот.

OhridNews