Денеска во просториите на Студенстскиот дом „Никола Карев“ во организација на Црвениот крст од Охрид ќе се одржи Традиционалната крводарителска акција „Водици 2016“ под мотото „Имаш 5 минути? Дарувај крв, спаси нечиј живот“. Сите хумани граѓани ќе може да даруваат крв во периодот од 9 до 14 часот.

Организаторот во соработка со општина Охрид, „Зегин“ и Дебарско-Кичевската епархија за хуманите крводарители ќе им додели скромни подароци.

OhridNews