Во рамки на одбележувањето на празникот 11 октомври, денеска во 11 часот во селото Лескоец, во просториите на ОУ „Ванчо Николески“ свечено ќе започне со работа новата група при ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ во која ќе бидат згрижени 25 дечиња.

Како што потенцира ВД директорката на градинката, Розе Костоска, во селото и околината постои голем интерес за запишување на децата во градинка, поради што во наредниот период се очекува да  почне со работа и втората група.Не се исклучува и можноста во наредниот период да биде отворен и посебен објект  кој би функционирал во рамки на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.