Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи претежно од дожд, само на планините од снег. Повеќе ќе бидат застапени во крајните западни делови на земјава, особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 6 степени Целзиусови, информираат од УХМР.
Извор УХМР
Облачно и врнежливо време ќе имаме и во наредните денови. Врнежите претежно ќе бидат од дожд, а во четврток на места од снег. Минималната температура ќе се движи помеѓу -2 до 6, а дневната од 3 до 12 степени.