Основното јавно обвинителство ќе го поднесе обвинението против 36 лица за упадот во Собранието на 27 април, потврдуваат од ОЈО за „Макфакс“.
Обвинети во овој случај се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски и Љубен Арнаудов, како и членот на Извршниот комитет на партијата, Богдан Илиевски. Освен нив, за настаните се товарат и организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, Игор Дуловски и Борис Дамовски, како и ексминистерот за внатрешни работи, Митко Чавков. Обвинетите се товарат за кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок.
Врховниот суд вчера донесе одлука дел од осомничените во врска со настаните во Собранието да бидат пуштени од притвор. На ексминистерот за внатрешни работи, Митко Чавков, пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, како и на Душко Лазаров и Митко Пешов, мерката притвор им се заменува со мерка куќен притвор.
Во текот на денот, Обвинителството ќе одржи прес-конференција за обвинението кое ќе го поднесат.
OhridNews
Макфакс