Централниот регистар на Македонија по трет пат ќе ја спроведува акцијата „Отворени денови на Централниот регистар“ во регистрационите канцеларии ширум Република Македонија.

Во подрачните одделенија во Охрид и Струга, тимови од централата на Централниот регистар во текто на денешниот ден ќе бидат достапни да одговорат на сите отворени прашања.

Заинтересираните ќе можат да се информираат за измените во законската регулатива, како и за останати прашања поврзани со работењето на Централниот регистар.

OhridNews