Сончево и многу топло време, со слаб до умерен ветер од променлив правец, ќе преовладува денеска во Македонија. Максималната дневна температура на места ќе се искачи до +40 степени Целзиусови, а во Охрид максимумот ќе достигне до 31-от степен.
Висок ќе биде и УВ индексот кој ќе изнесува 9.
Екстремно топлото време ќе потрае до недела, кога се очекува мало освежување со врнежи од дожд кои особено обилни ќе бидат во понеделник.