Времето денеска во Охрид ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има краткотраен дожд и ретка појава на грмежи, особено во јужните и западните подрачја. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 24 степени.


Според Управата за хидрометеоролошки работи слично време ќе се задржи и во текот на викендот.

OhridNews