Телеметриската мрежа на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, веднаш после полноќ во 00 часот и 48 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Вчера беа регистрирани повеќе земјотреси во Охридскиот регион, од кој најсилниот со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.

Г.М.