Во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија денеска во Домот на култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи Саем за вработување. Со овој настан ќе бидат опфатени работодавачи од приватниот сектор, невработени лица, ученици и студенти од Југозападниот регион на Македонија

Саемот за вработување претставува можност за директно поврзување на работодавачите и лицата кои бараат работа.

Работодавачите ќе имаат можност да ја презентираат својата дејност, условите за работа и за вработување, потребите од работна сила и своите развојни планови. За таа цел на располагање ќе имаат бесплатни штандови, каде ќе можат да ги постават своите рекламни материјали. Исто така, ќе имаат можност и да остварат директен контакт со заинтересираните посетители, кои ќе можат да остават свое CV, да дискутираат за прашања од нивен интерес и слично.

Саемот во Струга е дел од вториот караван на Саеми за вработување на АВРМ. Во рамки на првиот караван беа одржани саеми за вработување во Скопје, Неготино, Штип, Охрид, Струмица, Битола, Куманово и Тетово.

OhridNews