Предлог Буџетот и предлог одлука за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2014 година, се дел од 40-те точки за кои ќе расправаат советниците на денешната 17- та седница на Советот на општина Охрид која започнува во 11 часот.
Според предвиденото, Буџетот за 2014 година е проектиран на 960 300 000 милиони денари, или околу 15,6 милиони евра.
На дневен ред на оваа седница, освен општинскиот буџет, ќе треба да се усвојат и Предлог одлуките за развојните програми за изработка на урбанистички планови, за заштита на животната средина, за уредување на градежно земјиште, за изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води, за изградба на системи за водоснабдување, за изградба и реконструкција на локални патишта и улици, за јавно осветлување и за јавна чистота.
Исто така на дневниот ред ќе се најдат и Предлог одлуките за програмите за образование, за култура, за детската заштита, за спорт и млади, за здравствена и социјална заштита. На оваа седница се очекува да бидат усвоени и Програмите за меѓународната соработка, за поттикнување на развојот на туризмот, за поддршка на локалниот економски развој, за одбележување на празници и манифестации и уште неколку други програми.
OhridNews