
Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот, доколку имаат ваков отпад, уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Од јавното претпријатие информираат дека со оваа акција завршува есенскиот циклус на акции за подигнување кабаст отпад, а во саботите од месец ноември ќе продолжат акции за подигнување зелен отпад од неколку делови од градот, за што граѓаните благовремено ќе бидат информирани.
OhridNews











