Од денеска, започнува акција за подигнување на зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.) од населба „Гоце Делчев“- Бараки, информираат од Ј.П. „Охридски Комуналец”.

Од јавното претпријатие непоменуваат дека во месеците мај и јуни продолжуваат со акциите за подигнување кабаст отпад.
„Поради претстојните Велигденски празници акцијата за кабаст отпад за „Стар Град„ која беше предвидена да се реализира на 4- ти мај е одоложена и ќе се спроведе на 11- ти мај, за што граѓаните ќе бидат навремено известени.“ – велат од јавното претпријатие.
OhridNews











