Денеска на потегот од селото Подмоње до населбата Св. Наум и територијата на град Охрид почнувајќи од 5 часот ќе се врши авионско запрашување против комарци, информираат од локалната самоуправа и ЈЗУ Центар за јавно здравје  информираат дека  Министерството за транспорт и врски  во соработка со Министерството за здравство.

Поради запрашувањето против комарци, се известуваат пчеларите  денеска да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.

Исто така, се известуваат граѓаните на општина Охрид дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.

Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, запрашувањето ќе се изврши во наредниот поволен период.

OhridNews