Наутро во котлините ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Како што информираат од УХМР, во Охрид преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
Денеска во текот на денот ќе има повеќе сончеви периоди, а од почетокот на следната седмица ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Во наредните денови следува период на променливо облачно време. Температурите ќе бидат во пораст и ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет во западните делови на земјата, само на планините ќе бидат од снег.
OhridNews