Крај малата капелна црква посветена на светите маченички Софија, Љубов, Вера и Надеж во Лагадин, денеска ќе се одржи традиционалниот народен собир на кој секоја година присуствуваат голем број охриѓани.

Богослужбата по повод празникот, ќе започне во 14.30 часот.

Црквата во Лагадин пред 13 години  ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче по повод 2000 години од христијанството. Оттогаш секоја година на овој ден се организира заедничка прослава.

OhridNews