Денеска во Охрид започнува Глобалниот Инвестициски Самит за Македонија, кој втора година по ред, на едно место ќе собере голем број на бизнисмени од земјата и од странство, со конкретни бизнис интереси за меѓусебна соработка.

Организаторот на Инвестицискиот Самит, смета дека овој самит со повеќе од 350 гости од Македонија и од светот, ќе биде еден од најголемите бизнис собири во земјата. Досега присуство најавија компании од околу 20 земји, меѓу кои САД, Австалија, Кина, Јапонија, Шведска, Германија, Холандија, Унгарија, Турција итн.

Листата на говорници на самитот е импресивна, со повеќе од 30 звучни имиња меѓу кои Phillips USA, Telus Canada, Canadian Bombardier, Deutsche Telekom Group, MindTree Индија, Acibadem Турција. Како очесни гости говорници најавени се Sandy Og од Блекстон, Крис Галвин поранешен извршен директор на Моторола, Hubertus van der Vaart од СЕАФ фондот, и Samih Elhage кој оваа година доаѓа како главен финансиски директор на Nokia Solutions and Networks. Меѓу главните гости говорници исто така обраќање ќе имаат Премиерот на Македонија, Никола Груевски како и неговиот економски тим. Претстедателот на Македонија, Др. Ѓорге Иванов, ќе има свечено обраќање пред гостите на Гала вечерата на самитот, каде во улога на домаќин ќе биде Џон Битов, член на Одборот на Македонија 2025.

Во Охрид ќе присуствуваат претставници на највисоко ниво од Ван Хол од Белгија, Дрекселмаер од Германија и други потенцијални странски инвеститори и  претставници на големи компании од Албанија, Јапонија, Кина, како и повеќе претставници на Admilia Holding Ltd, кој интегрира 70 италијански претприемачи кои разгледуваат опции за реализирање на инвестициски проекти во Македонија. Во Охрид ќе допатуваат претставници на CNN, Forbes, Financial Times, Virgin Mediа, Turner Broadcasting, Automobil Produktion, како и компании од Дубаи, Германија, Словенија и САД.

Странските компаниите изразија отвореност за соработка во сферата на аутсорсинг, извоз, инвестиции, логистика, консултации, заеднички вложувања, истражување и развој, информира организаторот на самитот во Охрид. За време на самитот веќе се закажани стотина билателарни средби.

OhridNews