Денеска во Охрид ќе се решава спорот околу црквата „Свети Димитрија“ во струшкото село Октиси, каде пред неколку денови жителите од муслиманска вероисповед спречија да се изврши осветување на темелите на црквата.

На средбата на која ќе се разговара за надминување на проблемите, ќе учествуваат градоначалникот на Струга Зијадин Села, владиката Тимотеј и претставник од Исламската верска заедница.

Владиката Тимотеј за „А1он“ изјави дека работата не е едноставно околу изнаоѓање решение за проблемот.

Средбата ќе биде во текот на утрешниот ден во Охрид, но времето се уште не е дефинирано. Очекувате утре да има некакви резултати? Не треба ништо да се прејудицира. Работата не е едноставна.“ – изјави Тимотеј за „А1он“.

Градоначалникот на Струга, Зијадин Села, поднел барање до судот за воспоставување времена мерка за Решението за градба на параклисот во село Октиси, додека се изнајде решение за проблемот и да се смират страстите меѓу жителите во селото од христијанска и муслиманска вероисповест.

Работам на смирување на тензиите. Од судот побарав времена мерка додека се реши ситуацијата и да се смират тензиите. Времената мерка ги остава работите вака додека се створат услови за работа. Со времената мерка што ја побаравме рокот за градба на црквата, кој истекува на 30 септември ќе се продолжи.“ – појаснува Села.

За време на тензичната состојба во Октиси од пред неколку дена, поп Зоран од Вевчанската парохија под која се наошаат црквите во Октиси, Вевчани и Горна Белица, за OhridNews истакна дека собирањето на жителите муслимани почнало по утринскиот повик од локалниот оџа

Оџата утрово ги повика верниците од муслиманска вероисповед на мирен протест да го спречат поставувањето на темели на црквата, кои требаше да бидат осветени од страна на Митрополитот дебарско- кичевски г. Тимотеј. Локацијата на која треба да се гради црквата се наоѓа на земјиште во сопственост на македонската православна црква и ги имаме сите потребни документи и одобренија за нејзина изградба.“ – рече Поп Зоран за време на тензичната состојба.

Собирањето на жителите муслимани во Октиси се случи пред точно пет дена на 25-ти овој месец, час пред да започне предвиденото осветување на темелите на црквата, по што следуваше и излегување на Македонците од селото.Полицијата со кордон ги раздвои насобраните верници, со цел да не дојде до поголеми инциденти.

Инаку, изградбата на црквата Св. Димитрија, според Вевчанската парохија, треба да се гради на плац од МПЦ, на местото каде што постоело објект, кој поради дотраеноста бил урнат, за што постоеле документи и фотографии.

OhridNews