Од денес до 29-ти септември во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид  ќе се оддржува традиционалниот четврти по ред Меѓународен научен собир „Македонско-хрватски книжевни, културни и јазични врски“.

Целта на настанот кој е во организација на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, е континуирано продлабочување на македонско-хрватските книжевни, културни и јазични врски во доменот на повеќе научни области и дисциплини.

На годинешниот собир ќе се вклучат и поголем број професори и истражувачи од Универзитетот „Јосип Јурај Штросмаер“ во Осијек, особено од Одделот за културологија, со кој Институтот во јуни оваа година склучи договор за соработка во подрачјето на науката и високото образование.

Исто така, пријавени се и учесници од сродните факултети и истражувачки институти во Загреб, Пула, Задар и други научни центри во Хрватска.  

Инаку, научниот собир се реализира во соработка со Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека, со кој Институтот остварува долгогодишнаинтензивна и успешна соработка.

OhridNews