На територијата на Општина Охрид, денеска, ќе се врши теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во понеделник до 06 часот во вторник.

Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите, а до граѓаните се апелира во посочениот период да го намалат своето движење на посочениот опфат, информира локалната самоуправа.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Г.М.