Фудбалската федерација на Холандија го разреши Дени Блинд од позицијата селекторот по поразот од Бугарија (2-0) во Софија во петтата рунда од квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија.


„Лалињата“ не блескаат во мундијалските квалификациите и прескокнување на уште едно големо натпреварување по Европското во Франција ќе биде премногу за холандскиот фудбал.

На Блинд не го спаси ниту преземањето на вината за поразот од Бугарија после кој Холандија падна на четвртата позиција на табелата во групата.

Холанѓаните нема да брзаа со наследник на Блинд, бидејќи следниот квалификациски натпревар го играат на 9 јуни на домашен терен против Луксембург.

Блинд: Ужасно игравме, вината за поразот јас ја преземам

OhridNews