Главниот арбитар од мечот меѓу Барселона и Пари Сент Жермен (6-1), Дениз Ајтекин нема да биде суспендиран иако многу се реагираше за неговото судење.
Германскиот судија со знакот на ФИФА многу прозиван во медиумите од љубителите на фудбалот и од францускиот шампион кој испрати видео прилог до ЕУФА за грешките кои го направил.
– Нема никаква суспензија и тука завршува оваа приказна. Да го суспендираме ние него е исто како некој клуб да го суспендира играчот кој промашил пенал. – рече првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.
Претседателот на европската куќа на фудбалот потврди дека Ајтекин ќе биде на „клупа“, односно на „ладење“ неколку натпревари од Европа, но тој ќе си суди редовно во Бундес лигата.
ЛШ: Како и колку пати беше оштетен ПСЖ на Ноу Камп ? (видео)
OhridNews