По повод првата година од постоењето на првиот локален електронски весник во нашата редакција пристигнаа голем број честитки од  читатели, институции, граѓански здруженија, колеги од локалните медиуми:

Искрени честитки за едногодишното   постоење. Дeнот ми почнува со вас. Исполнивте една голема празнина која постоеше во информативниот простор во градов. Сега имаме можност информациите за локалните случувања да ги добиваме што се вели буквално во „real time“, што е корисно особено за нас охриѓани.

Знаете да ги покриете најбитните случувања и да ги отворите најгорливите проблеми на граѓаните со една голема доза на непристрасност,стручност, со еден збор ПРОФЕСИОНАЛНО што според мене е гаранција за понатамошно успешно опстојување на нашиот Ohridnews. Велам нашиот затоа што така го чувствувам, од него ги добивам првите информации, првите вести во сите области посебно од локалното живеење.

Ви посакувам уште многу години да го исполнувате информативниот простор квалитетно и професионално како и до сега. Уште еднаш искрени честитки од вашиот редовен читател…

Гоце Буловски
Охрид

Почитувани,

Ви го честитаме првиот роденден со желби за растеж и долго опстојуванје на е-сцената. Веруваме дека и понатаму ќе ја задржите Вашата навременост и пред се објективност во информирањето на Охриѓани, што Ве чини респектабилен и читан медиум. Веруваме дека нашата одлична соработка и поддршка ќе продолжи и во иднина.

Е.Д.”Грашница” – Охрид

ПРВА ГОДИШНИНА НА „OHRIDNEWS“
 

Во пресрет на Патрониот празник на Охрид, охридската, но и пошироката, јавност заслужуваат да се присетат на еден убав настан од пред година дена или поинаку кажано на една убава и пионерска заложба која со самиот чин на промовирање и со секој нов ден се потврдуваше како вистински збогатување на она со што располага и треба да го има една современа локална заедница : Охрид се здоби со првиот електронски дневен весник.

На 7. Декември минатата година, во рамките на содржините со кои се чествуваше Денот на Патронот на Охрид, во хотелот „Чинго“ на пригоден начин беше промовиран ОХРИДНЕЊС. За оние кои ги пратат технолошките иновации и комуникациите – тој чин беше своевидна потврда на придобивките на глобалната компјутеризација. За оние кои се дел од јавниот живот или партиципираат во него – тој чин беше вистинско надополнување во локалната празнина за документирање на настаните. За оние кои го следат информирањето или се дел од него – тој чин значеше можност за валоризирање на убавината, благородност и одговорноста на занаетот низ една нова форма која ја имаа други средини но не и Охрид.

Во пресрет на годинешното одбележување на Денот на Свети Климент Охридски се навршува првата годишнина на ОХРИДНЕЊС. Јавноста и секој добронамерен, без двоумење ќе ја оцени како година во која првиот охридски електронски дневен весник остави длабока трага во општествениот живот. Во годината што измина, ОХРИДНЕЊС од час во час, од ден во ден беше со настаните, со граѓаните, со политичарите и дипломатите, но и со „обичните“ смртници пренесувајки ги изворно, навремено и точно нивните ставови, мислења и дела, пораки, одлуки или најави. На неговите страници секојденевно можеше да се следат и активностите на локалната самоуправа, администрацијата на општината и Градоначалникот. Со еден збор, во изминативе година дена ОХРИДНЕЊС со своето информирање придонесе Охрид да се стекне со една нова димензија и можност: да биде присутен во секој момент насекаде во светот преку информациите во дневниот електронски весник.

Со честитката за првата годишнина, да посакаме уште многу успешни години на ОХРИДНЕЊС свесни дека тоа е потреба на граѓаните и јавноста воопшто.

Општина Охрид

Една година OHRIDNEWS !

С Р Е Ќ Е Н РОДЕНДЕН……
Супер Радио