Деветти Мај се одбележува како Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа.

 

На овој датум во 1950 година се роди идејата за Европска унија, кога францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во Париз ја прочита декларацијата со која ги повика Франција, Германија и останатите европски земји да ги здружат своите производства на јаглен и челик како „прва конкретна основа за создавање на европска федерација“. Трговската заедница набрзо стана Европска заедница, а денес Европска унија.

Македонија е земја кандидат од 2005 година и се уште и го очекува датумот за отпочнување на преговори за членство во Унијата.

Денот на Европа ќе биде одбележан и во Охрид. По тој повод во организација на Сојузот на борците од НОВ од Општина Охрид и Општина Дебарца, денеска во месноста Раштани во Дебрца ќе се одржи пригодна свеченост пред споменикот на паднатите борци во НОБ „Кременатец“. На настанот ќе се обратат Наце Иваноски – професор по историја, кој ќе говори на тема: „Македонија во борбата против фашизмот“ и градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски .

OhridNews