Денот на Охридското Езеро – 21 Јуни, оваа година ќе биде одбележан во Струга.
По тој повод општина Струга, ЕДЕН –
туристичкиот кластер на Југозападна Македонија, Велосипедскиот Клуб
‘‘Екодром‘‘ од Охрид и Велосипедскиот Клуб ‘‘Соларис‘‘ од Струга, со
поддршка од Амбасадата на Сојузна Република Германија и германското друштво за меѓународна
соработка ГИЗ – РЕД, организираат низа
културни, туристички и спортски настани, со цел промоција на туристичките
потенцијали на Југозападна Македонија.