– Овој настан е во функција на нашите заеднички заложби за продлабочување на соработката помеѓу нашите две пријателски држави како и граѓаните на Охрид и локалната власт со нашите традиционални пријатели и гости од Холандија, информираат од Секторот за туризам и локален економски развој. Оттаму посочуваат дека прославата на Денот на холандската кралица се совпаѓа со доаѓањето на првата група на холандски туристи во Охрид, кои од оваа година повторно во голем број ќе престојуваат во нашата земја.
Добрата соработка помеѓу Општина Охрид и Амбасадата на кралството Холандија во Република Македонија ќе биде продлабочена и со повеќе други заеднички активности, а се планира и повторно отворање на холандскиот парк во Охрид.
Овие иницијативи им беа презентирани на претставниците на повеќе холандски туроператори и медиуми, кои неодамна престојуваа во Охрид. На средбата што ја организираа Агенцијата за промоција на туризмот и општина Охрид заедно со „Каратанова турс“, холандските туроператори кои беа придружувани од амбасадорката на Холандија во Македонија Симоне Филипини се сретнаа со туристички работници од земјава, со кои разговараа за бизнис соработка.
Како што беше најавено на средбата правата група од околу 5000 холандски туристи колку што се очекува да дојдат оваа година во Македонија ќе пристигне на 29 април со чартер на „Трансавиа“, а во план е и воспоставување на директна реdовна линија со Амстердам.