Преку мултиетнички работилници со еко содржини, охридското основно училиште „Братство и единство” го одбележа Денот на планетата Земја.
Учениците ги ревитализираа постоечките еко-катчињата и учествуваа во ревија каде моделите беа изработени од рециклирачки материјали.
Според координаторо на еко-проекто Јулиана Алексиоска, целта на активностите е подигнување на свеста кај учениците за еколошките проблеми уште од најрана возраст.
„Како наставници, сите ние се залагаме за исполнување на ваквата цел преку интеграција на еколошките содржини во наставните планови и програми , но и преку конкретни активности.”- вели Алексиоска.
Инаку, Денот на планетата Земја беше одбележан во сите основните училишта на територијата на општина Охрид.