Денеска и утре со почеток во 19 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе бидат прикажани детските филмови „Детето Фантом“ и „Пим и Пом – Големата авантура“ синхронизирани на Македонски јазик.
-Во филмот „Детето фантом“ кој ќе биде прикажан вечерва се раскажува за Лео, 11-годишно момче од Њујорк, кое е суперхерој. Лео е во болница и страда од сериозна болест, но дознава дека може да го напушта телото и да лета низ градот, да поминува низ ѕидови како фантом. Се спријателува со Алекс, полицаец, кој привремено е во инвалидска количка. Принудени се да внимаваат на Мари, своеглава новинарка, која тргнува во потрага по злосторникот, а во која Алекс е тајно вљубен. Тие тројца треба да го спасат градот од лошиот и криминален шеф. Станува збор за продукција од 2015 година во режија на Жан-Луп Фелисиоли и Алан Гањол, пишува во најавата за филмот.
Филмот „Пим и Пом – Големата авантура“ ќе биде прикажан во среда и во него се раскажува за пријателството меѓу импулсивните и авантуристички Пим и Пом кое ќе биде ставено на тест, кога тие се соочуваат со обидуваат да го најдат патот до дома.
-Пим и Пом се најдобри пријатели кои живеат заедно со „Дамата“. Но, кога нејзините внуки доаѓаат на посета сакаат да ги киднапираат Пим и Пом за да ги имаат само за себе. Откако успеваат да се спасат од девојчињата, мачките мора да научат да живеат на улица. Дали Пим и Пом ќе успеат да го најдат патот до дома? Овој музички, мирен, со доза акција има стилизиран изглед што потсетува на 1960-те и сигурно ќе измами насмевки и кај мајките и татковците. Освен номинации на филмските фестивали холандскиот „Синекид“ и „Црни ноќи“ во Талин, ја доби и наградата на Детското жири на Чикаго интернационалниот детски филмски фестивал, пишува во најавата од Центарот за култура.
Влезниците за овие филмски проекции чинат 100 денари.
Со поместување на времето на часовниците еден час наназад, од 03 на 02 часот, ноќеска заврши летното, а почна зимското сметање на времето Зимското време ќе трае до последниот викенд во март 2026 го...
„Приказната за Силјан“ на македонската режисерка Тамара Котевска е откупен од светскиот дистрибутер на документарни остварувања National Geographic Documentary Films Откупот од National Geographic...
Холивудската ѕвезда и еден од највлијателните актери и режисери на 20 и 21 век, Роберт Редфорд, почина на 89-годишна возраст Според соопштението од неговото семејство, тој починал мирно во сон, во ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.