Во Охрид денеска и утре ќе се одржи вториот настан „Денови на IT кариера“, чија цел е да ги поврзе локалните ИТ таленти со водечките компании во ИТ индустријата во Македонија.
Најавено е учество на 12 компании и две презентации. Денеска е презентацијата „Како да бидете фриленсер“, во утре презентација од Сеавус.
Тимот на Касарна Хаб, информира дека во Охрид моментално има 8200 млади лица од 15-29 години (Завод за статистика), кои се потенцијални кандидати за вработување.
Инаку, Касарна Хаб почна со работа од јули 2022, и досега има организирано 50 – тина различни настани, ИТ обуки за 170 деца, а помогнале за вработување на 50 млади лица.
OhridNews