Во Центарот за култура „Григор Прлилев“-Охрид, утре ќе започне циклусот „Денови на македонскиот документарен филм“, во организација на Филмскиот фонд на Република Македонија.

Редослед на блок проекциите:

-понеделник (17.06.2013)
“Трагачи по звукот“ режија Сузана Диневски / продукција Наше Мало/ времетраење 28 мин. /година на објавување 2012
“Плати и жени“ режија Атанас Георгиев /продукција Трис Филмс / времетраење 76 мин. / година на објавување 2009
“Волшебниот рид“ режија Петар Џуровски /продукција Лавиринт /времетраење 22 мин./ година на објавување 2009

-среда (19.06.2013)
“Шарски зраци“ режија Арбен Тачи/ продукција АРБ Филм / времетраење 48 мин. / година на објавување 2011
“Чедо“ режија Аљоша Симјановски / продукција Магично око / времетраење 45 мин. / година на објавување 2009
“Корен“ режија Ацо Ристовски /продукција Елвен Филм / времетраење 34 мин.

-четврток (20.06.2013)
“Нашите во Стамбол“ режија Елизабета Конеска / продукција МЦФ /времетраење 30 мин. / година на објавување 2011
“Далеку од дома“ режија Чедо Поповски / продукција Блу Танг/ времетраење 45 мин. / година на објавување 2009
“Луѓе без земја“ режија Марко Ѓоковиќ / продукција Њу Момент / времетраење 66 мин./ година на објавување 2012

Филмовите ќе се прикажуваат во летната бавча со почеток во 20.30 ч.

Влезот е слободен.