Претставници на локалната самоуправа и на градежната компанија „Адора инженеринг“, чиј сопственик е бизнисменот и поранешен кум на Водици во Охрид, Ванчо Чифлиганец, деновиве ќе остварат средба на која ќе се дефинира поставувањето на спомен обележјето на вeрскиот празник Богојавление.

Споменикот е донација на кумот на Водици -2012, Ванчо Чифлиганец, а авторското решение е на скулпторот Ангел Коруновски. Според најавите спомен обележјето ќе биде поставено кај градското пристаниште.


Предвидениот изглед на спомен обележјето на Водици фаќач на крст, односно капач – херој

Споменикот ќе биде изработен во бронза и поставен на постамент со Богојавленска претстава. Ќе биде висок околу 5 метри.

OhridNews