Деновиве се очекува да биде поставен нов ВД директор на манифестацијата Охридско лето, кој ќе биде од редовите на врабоотените. Неофицијално, оваа функција до изборот на директор на манифестацијата, ќе ја врши Илија Мојсоски.

Како што информираат од министерството за култура, името на новоизбраниот директор на Охридско лето, согласно законските прописи, ќе биде познато по формирањето на новата Влада. Од министерствоото потенцираат дека тоа што веќе подолго време фестивалот функционира без директор нема негативно да се одрази врз организацијата на фестивалот и квалитетот на програмата.
До назначувањето на новиот ВД директор, оваа функција ја врши Васил Зороски, на кого деновиве му истекува вториот мандат.

За избор на директор на фестивалот Охридско лето од страна на Министерството за култура беше распишан втор конкурс, откако претходно не беше избран ниту еден од пријавените 12 кандидати на првиот распишан конкурс. Подготовките за 51 издание на фестивалот Охридско лето се во полн ек, а познати се и дел од учесниците.

OhridNews