Значителна разлика во мерењето на квалитетот на амбиенталниот воздух во Охрид, регистрира автоматската мерна станица од мрежата на мерни станици на МЖСПП. И покрај маглата изминатите денови, во утринските и дневните часови ПМ 10 честичките во воздухгот во Охрид беа во дозволените граници (до 50 микрограма на метар кубен), додека во вечерните часови забележани се надминувања.
Според податоците на МЖСПП, вечерва во 21 часот во воздухот во Охрид имало речиси четири пати поголемо присуство на штетните ПМ 10 честички. Мрежата на Министерството за животна средина измерила 197,42 микрограма на метар кубен ПМ 10 честички.
Зголемено присуство на ПМ 10 честички има и во Битола, Кичево, Тетово, Скопје, Струмица, како и Кавадарци каде вечерва се измерени рекордни 312,73 микрограма на м3.
За разлика од Скопје, Тетово и некои други градови, во Охрид нема перманентно надмининување на дозволената граница на ПМ 10 честички во воздухот, туку има само часовни надминувања, најмногу во вечерните часови, кога се палат печките на дрва и други енергенси. Токму тоа се смета за најголем извор на загадување на воздухот во Охрид, на што со години укажува експертската јавност.
Г.М.