Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед подготвува неколку сензационални трансфери, а преселбата на Мемфис Депај од ПСВ на Олд Трафорд за 27 милиони евра е најава за „лудилото“ кое следува.
„Црвените ѓаволи“ се активни на трансфер пазарот и се поврзуваат речиси со сите квалитетни фудбалери кои се нудат во летниот преоден рок.
На радарот од менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луис ван Гал се наоѓаат Герет Бејл, Илкај Гундоган, Хари Кејн, Николас Отаменди, Петр Чех и Рахим Стерлинг, а најново име е фудбалерот на Бенфика, Гаитан.
Пред да го доведе Ван Гал второто засилување на Олд Трафорд мора да ја разреши дилемата околу Давид де Геа, кој не крие дека сака да го засили Реал Мадрид.
Мх.П.