Бранителот на трофејот во Ла Лига, Атлетико Мадрид прокнижи нови три бодови откако пред своите гледачи го совлада Депортиво Ла Коруња.


Дилимети околу победникот фудбалерите на Атлетико ги разрешија во финишот од првиот и стартот од вториот дел кога постигнаа по еден погодок.


Со овој триумф „јорганџиите“ го продолжија походот кон одбраната на титулата освоена минатата сезона.

Резултати : Атлетико Мадрид – Депортиво 2-0, Севиља – Гранада, Кордоба – Виљареал, Валенсија – Барселона

Табела : Реал Мадрид 33, Атлетико Мадрид 29, Барселона 28 (-1), Валенсија 24 (-1)..

Мх.П.